Денеска неколку наши екипи од ПМФЛ и ВМФЛ ја искористија паузата за да одиграат пријателски средби. Известивме веќе дека Шкендија го победи Работнички со 7:2, а Струга ТЛ ја совлада Велешта со 2:1, победа извојува и Воска Спорт на гости кај Братство.
На останатите мечеви, во Прилеп, Победа и Борец одиграа без голови, додека Македонија ЃП со 0:3 славеше во Кадино против истоимениот тим. Стрелци на головите беа Филиповски, Попзлатанов и Личина. Брегалница пак со голот на Коцев ја победи Каменица Саса со 1:0.