Готово е. РАСПРОДАДЕНО е. Како што велат нашите информации нема веќе билети за утрешниот меч Македонија – Исланд, за историскиот меч по кој ние можеме да бидеме во баражот за пласман на Мундијалот во Катар 2022.
И тие влезници што беа пуштени од вчера дополнително за исток и запад “пламнаа“, па така утре од 18 до 20 часот нашите “рисови“ ќе ја имаат поддршката од 17.000 фанатични навивачи кои ќе бараат само победа и победа, ништо друго.
Се вели дека одамна немало ваков интерес за еден меч на нашата репрезентација, и дека ако целата Арената беше пуштена во употреба, ќе беше премала. Според протоколот на Ковид-19 можеше да се продава само половина од капацитет на Арената.