Капитенот Стефан Ристовски по еден меч пауза во Ереван против Ерменија, се враќа во тимот за најважниот меч во овие квалификации. Барем според јавноста, за разлика од нашите репрезентативци и стручниот штаб кои цврсто стојат на ставот дека ова е само уште еден меч во низа во овие квалфикации.
„Секој меч си носи некоја своја тежина. Се подготвуваме од меч во меч, и само да речеме сплет на околности довело до тоа да сме подобри на гости ништо повеќе. Да почувствувам посебен товар на домашен терен, не, секој меч пред домашна публика е прекрасен и се надевам дека публиката и натаму ќе биде со нас. Судбината е во наши раце, а тоа како притисокот делува индивидуално и поединечно тоа не можам да кажам. Имаме шанса за нешто големо и ќе направиме се за да го искористиме“ – изјави капитенот па додаде.
„Лично немам притисок со тоа што сум капитен и што сум наследник што се вели на Горан Пандев во таа улога. Напротив, не сум тој карактер да се чувствувам така. Горан Пандев е величина која го оствари својот сон и заслужено со остварување на тој замина во репрезентативна пензија. Ние утре одиме по бараж и не треба тука да застанеме“ – изјави нашиот капитен.