Сити со последен обид да го донесе Хери Кејн

179

Една од топ сториите во денешните вести на престижниот „ЕСПН“, е онаа во која се вели дека тимот на Манчестер Сити зимава ќе го направи последниот и финален обид да го довесе Хери Кејн во своите редови.

Последниот нивен обид не успеа, а се случи летово, затоа што „тврдиот“ на преговори оперативец на Тотенхен, Дениел Леви, не сакаше да слушне да ја спушти цената за Кејн под 150 милиони фути што на крајот и беше пресудно трансферот да пропадне.
Сега, шест месеци подоцна, Сити ќе се обиде повторно да испреговара со Леви, со назнака дека сега договорот на Кејн е шест месеци поблиску до истекувањето. А тоа е на лето, кога Кејн и официјално ќе биде слободен играч. Дали Тотенхем ќе ризикува такво нешто, или сеуште се надева на нов потпишан договор од страна на напаѓачот ќе се дознае во следните четири до пет недели.

 

ПретходноФранција едноставно пресилна
СледноПријателска во Тетово: Шкендија го декласира Работнички со 7:2, хет трик на Гури!