Добри вести за Барселона пред продолжението на сезоната во Лигата на шампиони во која овој тим ја има улогата на бранител на титулата.
По долгата пауза поради дислокација на левото рамо во составот се враќа Лука Циндриќ. Некогашниот член на златната генерација на Вардар мораше да направи оперативен зафат, тој од септември е надвор од терените.
Циндриќ по два месеца ќе игра, се враќа за мечот со Келце.