Чави во офанзива: Барса преговара за позајмици на Стерлинг, Вернер и Кавани

369

Новиот тренер на Барселона, Чави, засилено работи на обезбедување нови засилувања за тимот во зимскиот преоден рок. Во обид да се добијат квалитетни фудбалери со минимум вложени средства, поради финансиската криза во клубот, Чави ќе оди на опцијата за позајмување играчи до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона веќе има ставено три имиња на листата на посакувани засилувања за нападот. Таму се најдоа Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, Тимо Вернер од Челзи и Единсон Кавани од Манчестер Јунајтед. И тројцата немаат добра минутажа оваа сезона и сигурно ќе посакаат да заминат во јануари.

Барселона ќе се обиде да ги наговори нивните клубови на 6-месечна позајмица, со евентуална можност и за откуп на договорите. Засега, во пол-позиција за преселба на „Камп Ноу“ се Стерлинг и Вернер, но не е исклучено и Кавани да биде добра опција за Барса.

ПретходноДин Смит од Астон Вила се сели на клупата на Норвич
СледноАлисон: Целта на Ливерпул оваа сезона е да освои се