Во Прилеп на теренот со вештачка трева, екипата на Воска Спорт со 2:3 како гостин, успеа да го победи тимот на Братство,исто така второлигаш. Ова беше пријателски натпревар со цел да се задржи натпреварувачката форма во текот на оваа пауза. Повратникот на клупата на охриѓани, Раде Цицмиловиќ, комбинираше со составот, им даде шанса на повеќе свои играчи, а не можеше да смета на репрезентативците до 19.години, Џемаил Јахии и Бехар Фета.
Стрелци за Воска Спорт беа Никола Митрески, Тео Силјаноски и Наум Велјаноски.