Женскиот тим на Вардар не успеа да дојде до посакуваниот резултат против Јуро Уринек во рамките на првата пресметка во 1/16 финалето. Македонскиот претставник на домашен терен беше совлада со убедливи 25-35.
Унгарскиот тим доминираше речиси во текот на целиот меч. По првото полувреме имаше предност од 17-18, „црвено-црните“ успеаја да надокнадат негатива од пет гола. Одморот добро им дојде на вардарки, барем во првата половина од вториот дел. На еден до два гола негатива, но потоа целосно паднаа. Противникот со серија од 6-0 на крајот дојде до убедлива победа од 25-35 која е речиси невозможно да се надполни.
Михаела Стојановска со седум гола беше прв стрелец, Диневска и Трпевска имаа по четири.