Репрезентацијата на Италија синоќа на домашен терен направи чекор назад во обидот да се квалификува за Мундијалот во Катар, затоа што одигра само 1:1 против репрезентацијата на Швајцарија.
Нештата можеа да бидат поинакви затоа што домаќинот промаши пенал во последните секунди од мечот. Жоргињо шутираше високо над голот, и не успеа да се справи со притисокот.
Селекторот на Италија, Роберто Манчини по натпреварот на прес конференцијата изјави дека не е лесно да се изведе пенал во такви клучни моменти.
„Тој е клучен играч за нас, но веројатно ќе го промениме изведувачот на пеналите. Ќе разговарам со него и ќе видиме што понатаму. Не е лесно да се изведе пенал во тие моменти“ – рече Манчини.