Останаа само околу 800 билети: Исланд го дочекуваме пред полн стадион!

1660

И дополнителните билети кои Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба за утрешниот решавачки меч на Македонија против Исланд за место во баражот за СП 2022, одат „како алва“. Според последните информации, во продажната мрежа на МК Тикетс преку која оди продажбата на билетите за источната и западната трибина (север и југ се распродадени), на „лагер“ има уште не повеќе од 800 билети.

Тоа е добра најава дека утревечер на Националната Арена во Скопје ќе имаме полни трибини и голема поддршка за нашите фудбалери на патот до уште едно историско постигнување. Со оглед на Ковид-19 протоколите дозволена е 50% пополнетост на трибините, што значи дека Исланд ќе го дочекаат околу 17.000 гласни грла со поддршка за момците на Боби Милевски.

Веројатно да не беа ограничувањата, и комплетниот капацитет на Арената ќе беше распродаден.

ПретходноОд синоќа и официјално: Кари е најдобар „тројкаш“ во историјата на НБА!
СледноДин Смит од Астон Вила се сели на клупата на Норвич