Ристовски: Одиме по бараж и не застануваме таму

396

Капитенот Стефан Ристовски по еден меч пауза во Ереван против Ерменија, се враќа во тимот за најважниот меч во овие квалификации. Барем според јавноста, за разлика од нашите репрезентативци и стручниот штаб кои цврсто стојат на ставот дека ова е само уште еден меч во низа во овие квалфикации.

„Секој меч си носи некоја своја тежина. Се подготвуваме од меч во меч, и само да речеме сплет на околности довело до тоа да сме подобри на гости ништо повеќе. Да почувствувам посебен товар на домашен терен, не, секој меч пред домашна публика е прекрасен и се надевам дека публиката и натаму ќе биде со нас. Судбината е во наши раце, а тоа како притисокот делува индивидуално и поединечно тоа не можам да кажам. Имаме шанса за нешто големо и ќе направиме се за да го искористиме“ – изјави капитенот па додаде.

„Лично немам притисок со тоа што сум капитен и што сум наследник што се вели на Горан Пандев во таа улога. Напротив, не сум тој карактер да се чувствувам така. Горан Пандев е величина која го оствари својот сон и заслужено со остварување на тој замина во репрезентативна пензија. Ние утре одиме по бараж и не треба тука да застанеме“ – изјави нашиот капитен.

 

ПретходноМилевски: Со ладни глави и жешки срца одиме по бараж
СледноСкандал во Црна Гора: Тројца фудбалери позитивни на Ковид-19, биле на турбо фолк забава