Скандал во Црна Гора: Тројца фудбалери позитивни на Ковид-19, биле на турбо фолк забава

771

Репрезентацијата на Црна Гора во својот состав нема да има тројца важни фудбалери за дуелот против Холандија вечерва (20:45 часот), како и за пресметката со Турција во рамките на квалификациите за СП 2022 година во Катар.

Според тамошните медиуми, Стеван Јоветиќ, Небојша Косовиќ и Адам Марушиќ се позитивни на коронавирус. Тројцата се заразиле за време на една забава, поточно за свирка на Александра Пријовиќ.

Поводот за оваа забава бил 32. роденден на Јоветиќ, најдобриот репрезентативец на Црна Гора.

Оваа репрезентација нема шанси за бараж, се наоѓа на четвртото место на табелата.

ПретходноРистовски: Одиме по бараж и не застануваме таму
СледноСо билборди во Скопје, Романија го “врбува“ Исланд!