Спортмедиа: Пиво може и пред мечот, само утре Македонија да победи

2075

Репрезентацијата на Македонија има историска задача утре со почеток од 18:30 часот на Арената Филип Втори во Скопје на последниот квалификациски дуел од оваа кампања да освои три бода против Исланд и да замине во баражот.
За тоа мора да освоиме три бода, а противникот и нема некои поголеми мотиви затоа што резултатски одамна е испаднат. Сепак, на Исланд тоа не му пречеше пред два дена во Романија  да одигра 0:0 и да ги уништи речиси шансите на романците за пласман на второто место. Романците „плачеа“ по мечот, дали Исланд ќе одигра така силно и против Македонија, а селекторот Арнар Викарсон им порача, ќе ја победам и Македонија, па потоа ќе дојдам во Букурешт да ме честите пиво.

Спортмедиа на денешната прес конференција на селекторот му подари едно „Скопско“ на Викарсон и му порача дека и во Македонија има есктра пиво и дека нема потреба да ја победува нашата репрезентација утре, туку дека може да се напие едно пиво пред мечот и да се опушти.

ПретходноАрнар Видарсон: Ќе се обидеме да ви ја расипеме забавата утре
СледноМанчини: Не е лесно да се изведе пенал во последната минута, Жоргињо веројато нема да шутира пенали повеќе (ВИДЕО)