Фудбалерите на Струга Трим Лум попладнево во Велешта во пријателска или контролна средба успеаја како гости со 1:2 да го победат истоимениот домашен состав. Прволигашот беше подобар и заслужено триумфира. Стрелци на головите беа Беќири и Цветаноски. Шефот на струката Срѓан Захариевски оваа контрола ја искотристи да им даде шанса на повеќе свои играчи, претежно тие што имаат помала минутажа, се разбира и да воигра повеќе варијанти во однос на тактиката. Во секој случај добар пријателски меч за двете екипи.