Струмичанки на градско дерби, лидерот го предизвикува шампионот

202

Актуелниот шампион Струмица 47&72 денеска гостува кај Весна Пробиштип во еден од најинтересните дуели во 7. коло на домашното одбојкарско првенство.  Струмичани се големи фаворити, иако ќе играат против тим кој досега веќе запиша три сезонски триумфа во пет одиграни меча.

ГОК Борец кој доживеа тежок пораз во минатото коло, токму од шампионот, денеска го пречекува Универзитет во Тетово, додека Штип УГД е фаворит на теренот на Македонија Џио. Второто дерби на колото ќе се одигра во Скопје меѓу градските ривали Јанта Волеј и Вардар. „Црвено-црните“ со двете странски засилувања покажаа нов лик во минатото коло, обезбедувајќи ја премиерната победа, па денеска ќе се обидат да направат уште еден успех.

Сепак, најголемото одбојкарско дерби викендов е во Струмица. Таму градските ривалки од Наковски Волеј и Струмица ќе имаат меѓусебна пресметка. Ова е дуел на тимовите кои засега се на 2. и 4. место на табелата, а победа може да ги искачи и до самиот врв. Лидерот Работнички, в понеделник го игра дербито на колото и тоа на гости кај шампионките, Јанта волеј Кисела вода.

Прва лига (мажи), 7. коло

Македонија Џио – Штип УГД                      (сабота, 14.00)

Весна Пробиштип – Струмица 47&72          (сабота, 18.00)

Дибра волеј – Лирија                                (сабота, 19.00)

Јанта волеј – Вардар                                (сабота, 19.30)

ГОК Борец – Универзитет во Тетово           (сабота, 20.00)

***Слободна е екипата на Шкендија

Прва лига (жени), 7. коло

Пелистер волеј – Универзитет во Тетово    (сабота, 13.00)

Фит фан волеј – Вардар жени                    (сабота, 14.30)

Наковски волеј – Струмица жени               (сабота, 18.00)

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје           (понеделник, 20.00, МРТ-3)

ПретходноХамилтон пред дисквалификација? Се чека одлуката на стјуардите
СледноПоради Салах трипати беше прекинуван мечот меѓу Ангола и Египет