По Дани Алвеш, новиот стратег на Барселона, Чави Ернандез сака да врати уште еден екстра класа фудбалер кој играше со него во редовите на каталонскиот тим. Тоа е играчот за врска на Ливерпул, Тиаго Алкантара, актуелен репрезентативец на Шпанија. За потсетување Алкантара во 2013 летото од Барса се пресели во Баерн Минхен и тоа на барање на тогашниот стратег на “баварците“ Пеп Гвардиола. Потоа Тиаго во 2020 година од Минхен направи трансфер во Ливерпул.
Колку оваа желба на Чави ќе може да му се исполни се чини зависи и од самиот Ливерпул, иако искрено Тиаго не покажува којзнае какви партии во дресот на “редси“.