Како никогаш досега нека ечи: МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА….

220

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Се изборивме за шанса која мора да се зграпчи. Имаме шанса да се пласираме во баражот за пласман на СП во Катар 2022. Нешто што до пред извесно време за нас беше научна фантастика. Само треба вечерва од 18 до 20 часот, да го победиме Исланд и да оствариме историски успех, еден од најголемите во нашиот репрезентативен фудбал. Играме со Исланд во еден од најважните фудбалски мечеви во нашата историја, се разбира најзначаен и најисториски ќе биде ако се пласираме на Мундијалот, но треба да се верува во овие момци. Треба да и се даде поддршка како никогаш досега.

Ќе треба од трибините на Арената “Тодор Проески“ како никогаш досега да ечи – МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…

Со тоа навивање да им се даде сила на нашите “рисови“ за да го победат тој Исланд.

Медиумите и јавноста направија можеби непотребна еуфорија, сите ние мислиме дека се е готово, дека Македонија е во баражот. Но момците на Милевски не смеат ниту во сон да помислат дека ќе биде лесно, дека работата е готова.

Напротив, ќе биде пеколно тешко…овие мечеви се најтешки за играње.

На наша страна се квалитетот, желбата, мотивот… но најлесно е да играш растоварен. Тоа сите го знаат.
Не се сомневаме дека селекторот Милевски и капитенот Ристовски ќе знаат добро како да ја подготват екипата, како треба психолошки да се постават репрезентативците.

Ова е шанса на деценија, ова е нешто навистина големо. Играме дома, играме пред 17.000 фанови, играме за …

Се разбира…играме за….МАКЕДОНИЈА!

Стефан, Столе, Висар, Даре, Џани, Елиф, Енис, Алекс… и сите вие…памет во глава…од вас очекуваме само победа и ништо друго.

Не мора да биде со 5:0, доволно е и 1:0.

Не мора да блескате, не мора да брилјирате како во Ереван. Играјте паметно, мудро, играјте мангупски како што вие тоа добро го знаете.

Донесете му уште една фудбалска еуфорија на овој народ, на оваа нација, на сите нас во Македонија. Зграпчете го баражот за да можеме да сонуваме со отворени очи и за учество на Мундијалот во Катар. 

Одиме момци!

ПретходноБањаја победи, збогум за Валентино Роси! (ВИДЕО)
Следно“Баварците“ откриваат: Мурињо беше кандидат за тренер на Баерн Минхен!