Манчестер Јунајтед планирал да го назначи Антонио Конте за нов тренер на местото на Оле Гунар Солскјер меѓутоа се откажал откако Италијанецот имал нереално барање, а не се однесува до платата туку до трансферите. Имено италијанскиот стратег сакал да прифати да го води славниот англиски клуб, но побарал трансферен буџет од 250 милиони фунти за 2022 година, пренесува „Дејли стар“.
Тоа било неприфатливо за челниците на Јунајтед по што се повлекле. Се уште кружат неколку имиња за можни тренери на „црвените ѓаволи“, а меѓу нив е и Брендан Роџерс од Лестер, екс-стратегот на Реал Мадрид Зинедин Зидан…