По капитенот Стефан Ристовски на прес конференцијата се појави и Езџијан Алиоски, човекот кој го отвори резултатот на вечерашниот дуел против Исланд, и кој всушност го најави овој историски триумф, автоматски и пласманот на второто место во групата и изборениот бараж.
„Секако дека сме среќни што ова ни се случува. Македонија го заслужи ова затоа што во континуитет играме добро. Многу нешта се променија во оваа репрезентација, федерација, нештата околу нас во последните години.
На подобро мора да кажам. Затоа и ни се случуваат овие нешта, затоа и играме подобро, затоа што растеме како тим, како репрезенѕација и тоа е одлично.
Рано е да говориме за Катар, за Мундијалот но одиме чекор по чекор. Посакувавме победа вечерва, пласман во баражот, и истото го остваривме“ – рече Џани Алиоски.