Борец славеше со пресврт, струмичкото дерби за Наковски Волеј

100

Одбојкарите на Струмица ја продолжија победничката низа на домашната одбојкарска сцена. На гостувањето кај Весна Пробиштип, шампионот без поголеми проблеми, убедливом оствари нова, шеста сезонска победа.

Одлично продолжение на шампионатот имаат и одбојкарите на Вардар, кои засилени, успеаја да ја прокнижат и втората победа, откако на гостувањето кај Јанта Волеј славеа со убедливи 3:0.

Најдраматично беше во Велес, каде екипата на Борец успеа да слави минимално со 3:2 над екипатана Универзитет во Тетово во меч кој донесе вистински возбудувања. Тетовци ги добија првите два сета и беа на чекор до победа во третиот, но Борец успеа да се врати добивајќи го сетот на разлика, а потоа и следните два со кои дојде до фантастичен пресврт за победа.

Во дербито на колото кај дамите, струмичката пресметка меѓу Наковски Волеј и Струмица им припадна на домашните одбојкарки. Тие славеа со 3:0, но во прилично израмнети први два сета.

Драма во пет сета имаше во Битола, каде Универзитет во Тетово славеше со 3:2 против полетниот тим на Пелистер.

Прва лига (мажи), 7. коло

Македонија Џио – Штип УГД                      0:3 (14:25, 15:25, 11:25)

Весна Пробиштип – Струмица 47&72         0:3 (16:25, 17:25, 17:25)

Дибра волеј – Лирија                                0:3 (13:25, 18:25, 15:25)

Јанта волеј – Вардар                                0:3 (14:25, 19:15, 17:25)

ГОК Борец – Универзитет во Тетово          3:2 (22:25, 17:25, 28:26, 25:22, 15:11)

***Слободна е екипата на Шкендија

ТАБЕЛА:  1. Струмица 18, 2. Борец 14, 3. Лирија 12, 4. Штип УГД 12, 5. Шкендија 11, 6. Универзитет во Тетово 11, 7. Весна Пробиштип 8, 8. Јанта Волеј 7, 9. Вардар 6, 10. Дибра Волеј 2, 11. Македонија Џио 1

Прва лига (жени), 7. коло

Пелистер волеј – Универзитет во Тетово    2:3 (25:15, 23:25, 18:25, 25:23, 12:15)

Фит фан волеј – Вардар жени                    3:1 (25:15, 23:25, 25:19, 25:17)

Наковски волеј – Струмица жени               3:0 (25:23,25:22, 25:19)

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје           (понеделник, 20.00, МРТ-3)

ТАБЕЛА: 1. Наковски Волеј 18, 2. Работнички 17, 3. Јанта Волеј КВ 14, 4. Струмица 14, 5. Пелистер 7, 6. Фит Фан Волеј 6, 7. Универзитет во Тетово 6, 8. Вардар 0.

ПретходноНа Романците им остана да веруваат во билбордите
СледноНа големите ракометни собири само вакцинирани спортисти!?