Исландскиот селектор Арнар Видарсон призна дека македонската репрезентација е многу поквалитетна од неговиот тим во моментов. Исто така испрати честитки до „рисовите“ и додаде дека заслужено се втори.
„Честитки за второто место. Не сум среќен што го изгубивме мечот. Мислам дека во првото полувреме ни беше многу тешко не можевме да воспоставиме контрола, во второто бевме подобри, а моментот кој пресуди е вториот гол на Македонците. Тогаш се распадна се, почнавме да паничиме и загубивме“, изјави селекторот на Исланд.
„Влеговме во квалификациите со големи амбиции, целевме на второто место. На крајот излезе дека Македонија да биде втора на табелата. Тоа е компактен тим, одличен тим, тие играа на ЕП. Ние во иднина ќе треба да се потрудиме да го следиме нивниот пат, да бидеме подобри во следните квалификации“, додаде Видарсон.