Убав гест од наша страна. Пред почетокот на мечот Биркир Бјарнасон, капитенот на репрезентацијата на Исланд, од рацете на нашиот капитен Стефан Ристовски ќе добие подарок. Ќе добие дрес со бр.105. Како потсетување на денот и натпреварот кога Бјарнасон ќе го одигра својот 105 натпревар за селекцијата на Исланд. Со тоа тој станува и рекордер по број на настапи во својата репрезентација. Засега има 104 настапи, исто колку и Рунар Кристинсон кој играше за Исланд од 1987 до 2004 година.
Инаку новиот рекордер е член на тимот на Адана од Турција.