Еуро Никел конечно им се врати на победите. Серијата од пет победи во низа, кавадарчани ја прекинаа на домашен терен против дебитантот Феникс, славеа со убедливи 88-78.
Кавадарчани победа ја обезбедија во првата четвртина, која ја добија со 30-15, на полувремето имаа позитива од 45-34. Во продолжение поискусниот состав не им дозволи на гостите да се вратат во мечот, без проблем дојдоа до целиот плен и живнаа.
Томиќ со 23 поени и 13 скока беше прво име, зад него беше Соколов со 18 поени. Кај Феникс, Морган имаше дабл-дабл од 24 поени и скока.
На оваа средба на клупата на Еуро Никел не беше Горан Самарџиев, кој е позитивен на Ковид-19.
Претходно Кожув дојде до третата победа оваа сезона, на гостувањето кај Куманово славеше со 85-89 во меч од 7. рунда во Првата лига.