Избегната нова тепачка, Гобер и Дедмон брзо се смирија (ВИДЕО)

372

Во изминатиот период во НБА-лигата видовме неколку пресметки за време на натпреварите. Најновата доаѓа од дуелот меѓу Мајами и Јута, а во центарот на вниманието се најдоа Руди Гобер и Двејн Дедмон.

Еден од најдобрите дефанзивци во НБА-лигата во последната четвртина го испровоцира Дедмон, го повлече неговиот дрес. Кошаркарот на Мајами веднаш му се пушти на Французинот, кој пак се обидуваше да ја смири ситуацијата. Но, веќе беше доцна, Американецот го турна, по што судиите на двајцата им доделија техничка грешка.

На крајот Мајами го доби овој дуел благодарение на Хиро, кој постигна 27 поени, на другата страна Богдановиќ имаше 27 поени.

На останатите средби Индијана беше подобар од Филаделфија со 118-113, Њу Орлеанс славеше против Мемфис со 112-101, Орландо беше поразен од Вашингтон со 92-104, Торонто беше совладан од Детроит со 121-127, Кливленд беше подобар од Бостон со 91-89 и Клиперс убедливо ја совладаа Минесота со 129-102.

ПретходноАјде МАКЕДОНИЈО…одиме по бараж за Мундијалот во Катар!
СледноРоналдо со една објава ги испровоцира Србите!