Кога се чинеше дека Брендан Роџерс, стратегот на Лестер, е наследникот на Оле Гунар Солскјер, од утринава од Островот нови информации или поточно шпекулации. Имено во тамошните медиуми се нагласува дека никој друг, туку Зинедин Зидан би можел да седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Имено проблемот со Роџерс е тоа што тој има договор со „лисиците“ и ако би дошол во Јунајтед, тоа би било по завршување на сезоната. Ова не им се допаѓа на луѓето од “Олд Трафорд“, имено тие сакаат што побргу да донесат ново име, а според нив Зинедин Зидан е идеално решение. Во ова “врбување“ се вклучиле и Варан и Роналдо, екс- фудбалерите на Реал Мадрид со кого Зидан одлично соработуваше кога ги овојуваше тие силни трофеио со Реал Мадрид.
Сепак и со неговото име има проблеми. Зизу е слободен, но неговата желба се вика клупата на репрезентацијата на неговата земја – Франциа. Таа му била ветена веднаш по завршувањето на СП во Катар 2022 година.