Кога е мрак и тажно е се на ЕЛИФ ти сети се…

784

Каква МАГИЈА на Елиф Елмас. Каква виртуозност, фудбалска мајсторија. ФАНТАСТИЧНО. Кога е најпотребно, кога е најтешко, кога најмногу треба тогаш НАЈГОЛЕМИТЕ ја преземаат одговорноста и го решаваат мечот.

Така и нашиот ДИЈАМАНТ – Елииииииф Елмаааааас…

Кога бевме разочарани по тие 1:1, кога мислевме дека некој не проколнал да не го видиме баражот, Елиф рече – НЕ.

Јас сум тука, немојте да се грижите“… И така и беше.

Постигна два гола, одигра маестрално и просто ја однесе Македонија во баражот за пласман на СП.

Ете тоа е момчето од Бутел. Нашата мега – ѕвезда, нашиот блескав дијамант.

Тоа е играчиште. На 1:1, кога е најпотребно, кога трибините се полни, кога сите чекаат гол. И тој беше тука. И не еден тука два за конечни 3:1. За да не се нервираме и гриземе нокти на крајот.

Уф, ни самите не знаеме какво фудбалско богатство имаме во тој ДИЈАМАНТ.

ЧЕСТИТКИ МОМЧЕ… ТИ БЛАГОДАРИМЕ.

ПретходноВидарсон: Македонија заслужено е втора, сакаме да сме како вас!
СледноНе помогна ниту Бонер: Македонија поразена, Босанките убедливо во „Кале“