Македонија вечерва во 18 часот, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје се среќава со Исланд. Ова е меч за бараж за пласман на СП во Катар 2022.
Македонија мора и треба да победи, сама си ја решава својата судбина. Дека нашите национали се големи, апсолутни фаворити тоа го знаат и обложувалниците, па затоа за победа на Македонија или за „1“ коефициентот е само 1.55 и тоа со тренд на опаѓање.
За реми или „Х“ тој е 4.10, а за победа на Исланд коефициентот е 7.25. По онаа блескава победа над Ерменија во Ереван, и треба Македонија да биде фаворит.