Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша и вториот пораз во квалификациите за пласман на ЕП 2023 година. Избраничките на Александар Ашаданов ниту одблизу не беа до првата посакувана победа во овој циклус.
Босна и Херцеговина доминираше во СЦ „Кале“, славеше со убедливи 64-80 и тоа благодарение на Џонс и нејзиниот дабл-дабл од 30 поени и 17 скока. Актуелното МВП во ВНБА беше едноставно незапирлива, а нашата одбрана немоќна и покрај тоа што во составот ја имавме Девана Бонер. Американката на оваа средба беше незабележителна.
Противникот уште во првата четвртина го наметна своето темпо, поведоа со 7-21, на одморот позитивата беше 34-47. Македонија и на оваа средба падна во второто полувреме, момент кој гостинките максимално го искористија за убедлива победа, втора во квалификациите.
Митрашиновиќ и на оваа средба беше прв стрелец со 24 поени, Трајчевска запиша 15 поени, Бонер имаше 9.