Новак остана без тренер на АТП финалето, синот на Иванишевиќ има корона!

490

Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ го напушти тренерскиот тим на Србинот и се врати дома, во Сплит. Со тоа Ѓоковиќ остана без својот прв советник на АТП финалето во Торино кое денеска започна.

Причината била таа што синот на Иванишевиќ бил заразен од Ковид-19, па затоа Хрватот морал да се врати во својот дом. Сепак Новак нема да биде сам, тука е Марјан Вајда, кој некогаш му беше прв тренер на најдобриот тенисер во светот.

ПретходноПорази за Миркуловски и Кузмановски
СледноГрми на трибини – 25.000 грла навиваат за Македонија