Очекувано, нема некои поголеми промени во стартниот состав на нашата репрезентација. Селекторот Благоја Милевски мечот со Исланд ќе го започне со супер – офанзива, а се враќа во тимот и капитенот Стефан Ристовски на десната бековска позиција. Формацијата е 4-3-3, значи ќе “удриме“ по “рибарите“ уште од првиот свиреж на судијада Давиде Маса. Димитриевски е на голот, С. Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски во одбраната, Костадинов, Барди и Елмас во маневарот, Трајковски, М. Ристовски и Чурлинов во нападот.
Тоа е истиот оној состав кој го започна мечот во Ереван пред три дена, само место Ашковски во тимот сега е капитенот Ристовски.