Француската репрезентација синоќа го завери пласманот на Светското првенство во Катар 2022 година, каде ќе ја брани титулата. Фрнацуските фудбалери на домашен терен го совладаа Казахстан со убедливи 8-0, во центарот на вниманието се најде Килијан Мбапе.
Членот на ПСЖ постигна четири гола и влезе во историјата. Тој е првиот Французин кој постигнал хет-трик на официјалне меч од Доминик Рошето во октомври 1985 година, како и првиот фудбалер кој постигнал четити погодоци. Последен пат ваков подвиг направи Жост Фонтен во 1958 година кога постигна рекордни 13 гола.
4 – Kylian Mbappé is the first player to score 4+ goals with France since Just Fontaine in June 1958 against West Germany (also 4). Sniper. #FRAKAZ pic.twitter.com/p1vETQ16pA
— OptaJean (@OptaJean) November 13, 2021
На едно коло пред крајот на квалификациите за СП, Франција е недостижна на табелата има 15 бодови, четири повеќе од второпласираната Финска.