Уште една феноменална партија, уште едно одлично издание на нашата ракометарка Сара Ристовска во Лигата на Шампионите. Имено таа денеска со својата ЦСКА Москва беше домаќин на екипата на Љубљана, мечот заврши со резултат 21:21. Сепак треба да се се одбележи дека Македонката беше најефикасна во редовите на руската екипа со пет голови.
Овој меч беше од 7.коло во групата Б, со овој бод екипата на Ристовска сега се наоѓа на четвртата позциција на табелата со 7 бодови.