Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, прв се појави на официјалната прес конференција по историскиот тирумф против Исланд вечерва со 3:1. Со опремата од мечот, но и со капитенската лента и се обрати на јавноста.
„Благодарам за честитките, убаво е ова чувство. Чест ми е што е ве во моментов ви се обраќам. Колку и да пред мечот изгледавме релаксирани, сепак притисокот си го направи своето. Македонија не е навикната да игра вакви мечеви. Ние со ваквите мечеви едноставно „отвараме очи“ на фудбалски план. Квалитетот си го направи своето, имаме играчи кои се носители во своите клубови и заслужени се радуваме“ – изјави Стефан Ристовски и и порача на јавноста.
„Во оваа репрезентација нема Албанец или Македонец, има дрес кој сите заслужено го носиме, и ќе го носиме. Ми се вратија мислите од Грузија, сиот тој притисок кој го чувствувавме и таму и сега. Македонскиот народ го мачат многу нешта, и сега ова доаѓа како еден момент кој овој народ се сплотува, Македонија и овој народ заслужува вакво нешто. Ние сме горди што успеавме во ова, затоа што многумина не веруваа во нас, не оспоруваа, не критикуваа и ова е порака до нив. Позитивна секако“ – рече Спировски.
Капитенската лента истата онаа на Горан Пандев против Холандија
„Морам да споделам со јавноста една информација. Оваа капитенска лента која ја носев е онаа на Горан Пандев кој нашиот некогашен капитен ја носеше при неговиот последен меч за Македонија, против Холандија на Европското првенство“ – рече Ристовски.