Ѕвездата на Манчестер Јунајтед смета дека вечерва победник ќе биде неговата селекција и дека заедно со своите фанови ќе го слават местото на СП во Катар 2022 година. Барем така делува неговата објава на социјалните мрежи.
„Сакаме уште еднаш да ги израдуваме нашите фанови и нашата земја, да одиме на Светско првенство. Со силата на сите Португалци ќе стигнеме до таму. Сметаме на вас во средбата за Катар“, напиша Роналдо.
Оваа негова објава предизвика револт во Србија, многумина ја сметаат како препотентна, а за многумина ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите на нашиот северен сосед.
Португалија своето место на СП можеше да го обезбеди пред неколку дена во Даблин, но Роналдо и неговите соиграчи одигра само 0-0 против Ирска.