Денеска продолжуваат возбудувањата во квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година. Вкупно на програмата се десет натпревари и тоа во групите Х, Ј, Б и А. Познато е дека во нашата група Македонија игра дома со Исланд, Лихтенштајн ја дочекува Романија и Германија гостува во Ереван. Германците веќе се на Мундијалот, а ние сакаме со победа над “рибарите“ нашата репезентација да игра бараж. Сите мечеви во групата – Ј започнуваат во 18 часот.
Во 15 часот се играат двата натпревари од групата -Х. На коло до крајот репрезентацијата на Русија има 22 бода, а Хрватска два помалку. Значи „коцкестите“ мора да победат ако сакаат директен пласман во Катар.
Лисабон е градот каде Португалија и Србија директено ќе се пресметуваат за тоа кој ќе оди во Катар директно, а кој ќе мора преку баражот да изборува пласман на Мундијалот. И двете селекции имаат по 17 бодови, но Роналдо и четата имаат подобра гол разлика, значи момците на Драган Стојковиќ – Пикси ќе мораат да победат на гости.
И во групата – Б, во Севилја, Шпанија ја дочекува Шведска. „Фуријата“ има бод повеќе, што значи се освен пораз и тоа како и одговара било кој друг исход.
Натпреварите од А и Б групите започнуваат вечерва од 20:45 часот.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП ВО КАТАР 2022
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ГРУПА – Х (15:00 Ч)
ХРВАТСКА – РУСИЈА
МАЛТА – СЛОВАЧКА
СЛОВЕНИЈА – КИПАР
ГРУПА – Ј (18:00 Ч)
МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД
ЛИХТЕНШТАЈН – РОМАНИЈА
ЕРМЕНИЈА – ГЕРМАНИЈА
ГРУПА – Б (20:45 Ч)
ШПАНИЈА – ШВЕДСКА
ГРЦИЈА – КОСОВО
ГРУПА – А (20:45 Ч)
ПОРТУГАЛИЈА – СРБИЈА
ЛУКСЕМБУРГ – Р. ИРСКА