Русите си дадоа автогол во 82.минута и ја “однесоа“ Хрватска на Мундијалот!

429

Ретко видена еуфорија во Сплит. Хрватска се пласира директно на СП во Катар 2022. Стадионот „Пољуд“ на кој имаше повеќе од 30.000 гледачи при резултат 0:0 во таа 82.минута просто “експлодира“ кога рускиот репрезентативец Кудрјашов сам си ја затресе мрежата на гостите со што просто на “однесе“ Хрватска на Мундикалот. Ова се вика “Руска трагедија“ среде Сплит на голема радост на домашните фанови и цела хрватска спортска јавност. Конечниот резултат беше 1:0 за “коцкестите“.

Па така сега Хрватска е прва во груата со 23 бода, Русија е втора со 22 бода. Хрватите директно се пласираа на СП, а Русија ќе мора низ баражот да ја бара својата шанса.

На останатите два меча од групата -Х, Словачка како гостин ја победи Малта со 0:6, додека Словенија дома славеше против Кипар со 2:1.

ПретходноСпоред најавите: Познат официјалниот стартен состав на Македонија!
СледноРистовска блеска во дресот на ЦСКА, најефикасна на мечот со Љубљана!