Светот нека чуе -МАКЕДОНИЈА Е ВО БАРАЖ ЗА СП!(ВИДЕО)

1872

ЛУЃЕЕЕЕЕ…Македонија е во бараж за пласман на СП. ФАНТАСТИЧЕН УСПЕХ. БРАВО МОМЦИ. ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ.

Македонија – Исланд во решавачкиот меч 3:1. Победа, супер победа. Невидена еуфорија на Арената, ова е една од најубавите фудбалски вечери.

Алиоски поведе, па кога бепе најтешко Елмас стапи на сцена за 3:1.

За победа, за голема победа.

БРАВО МАКЕДОНИЈО…

АЛИОСКИ ЗА “ЕКСПЛОЗИЈА“ ВО 7.МИНУТА

Фантастично го отворивме натшреварот. Едноставно уште од првата секунда просто “гризевме“ на теренот. Веднаш ја наметнавме иницијатива и така бодрени од 25.000 публика на трибините на Арената тргнавме со сите сили во напад за ран гол. И тоа дојде, по додавање на Трајковски, Алиоски се најде на левата страна од речиси мртов агол. И кога сите мислеа дека тој ќе ја врати топката пред петерецот, тој шутираше и тоа прекрасно го стори за гол, за водство од 1:0. Фантастичен гол за “експлозија“ на Арената.

ШТЕТА, ВАР НИ ПОНИШТИ ГОЛ

И тука не запревме, средниот ред беше подвижен, се креираа акции, а ние редевме удари кон голот на Олафсон. Првиот дел го завршивме со 12 удари кон гостинскиот гол. Дали имаше пенал за Македонија кога еден играч на гостите играше со рака, судијата Давиде Маса одлучи дека тоа било ненамерно. Во 40.минута по ударот на Алиоски голманот на гостите Олафсон ја одби таа топка, натрча Чурлинов, даде гол, но ВАР реши дека нема гол, дека милиметри решиле за оваа оваа офсајд позиција.

Па така моравме да се задоволиме само со 1:0. Остануваат уште 45.минути, ние засега сме во баражот.

О, НЕ,…. “РИБАРИТЕ“ ИЗРАМНУВААТ….

Па зарем сега најде Исланд да ни даде гол? Зарем е можно? Во ек на наша добра игра, гостите израмнуваат и тоа од сомнителна ситуација. Торстеинсон израмнува а ВАР пресуди по цели две минути дека сепак имало гол за 1:1. Штета. ВАР никако не ни во прилог. Инаку овој гол е прв кој Исланд ни го дава како гостин, па зарем сега во најзначајниот меч.

Во тие моменти нашите момци ја добија поддршката од трибините и тоа беше потребно.

ЕЛИИИИФ ЕЛМААААС…БРАВО ДИЈАМАНТУ

Гоооооол. Мешаница пред голот на гостите. Алиоски се обиде, топката дојде до Елмас а овој мајсторски реализираше за гол, за водство од 2:1. Браво ДИЈАМАНТУ.

Нова “експлозија“ на Арената, ајде Македонијо. Невидено славје на Арената. Ова треба да се доживее. А ние одиме со притисок, не им даваме на гостите да дишат. Така треба.

Во продолжение од мечот ние се обидуваме да ја смириме тензијата на теренот, додека Исланд почна да игра малку поостро, па се заредија жолтите картони.

Па така во 80.минута Јоханесон добива црвен картон, ние сме со играч повеќе на теренот.

Елмас не би бил Дијамант ако само не ја заврши работата. Даде гол за 3:1, какво славје, каква еуфорија.  БРАВО, БРАВО…

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП ВО КАТАР 2022

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 3:1 (1:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 25.000. Судија: Давиде Маса (Италија). Стрелци: Алиоски 7., Елмас 65., 87. (МАК), Торстеирсон 55. (ИСЛ). Ж. Картони: Димитриевски, Костадинов, Елмас, Миовски, С. Ристовски (МАК), Б. Бјарнасон, Тордарсон. Јоханесон, С. Гудјонсен (ИСЛ). Ц. Картони: Јоханесон 80. (ИСЛ).

МАКЕДОНИЈА:Димитриевски, С. Ристовски (88. Зајков), Велковски, Муслиу, Алиоски, Костадинов, Барди, Елмас, Чурлинов (63. Ашковски), М,. Ристовски (77. Миовски), Трајковски (77. Спировски).

Селектор: Благоја Милевски.

ИСЛАНД: Олафсон, Саварсон, Гретарсон, Б. И. Бјарнасон, Торарисон (86. Тардарсон), Јоханесон, Б. Бјарнасон, Тордарсон (72. Хелгасон), Гудмунсон, С. Гудјонсен (72. А. Гудјонсен), Торстеирсон (78: Траурстасон).

Селектор: Арнар Видарсон.

ПретходноМаестрален потег на Елмас и погодок за мундијалски бараж! (видео)
СледноХамилтон со сензационално возење до триумф во Сао Пауло!