Со Бонер и Кметовска против Босна

188

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска (19 часот) на домашен терен ја пречекува селекцијата на Босна и Херцеговина во рамките на 2. коло за место на Европското првенство 2022.

Избраничките на Александар Ашаданов на стартот беа совладани од Германија на гостински терен. Но, тогаш во составот не беа Девана Бонер и Ивана Кметовска. Според најновите информации од нашиот табор и двете ќе бидат на располагање на предводникот на „црвено-жолтите“, краткиот одмор добро им дојде за рехабилитација.

И на оваа средба Македонија е аутсајдер. Босанките покажа сила на првиот меч против Белгија на кој доминираше феноменалната Џанкиел Џонс, која имаше монструозен дабл-дабл од 44. поени и 22. скока.

Иако се свесни дека имаат предност, сепак со голем респект гледаат кон нашите девојки.

„Денеска во кошарката нема лесни противници. Мораме сериозно да му пристапиме на натпреварот, како и на секој друг. Очекувам победа и доаѓаме по неа во Скопје, но мораме да бидеме фокусирани. Некои нè потценија и на Евробаскетот. Мислеа дека сме таму само за да се појавиме. И тоа им се удри од глава на некои, на пример на Белгија уште во првото коло. Нема аутсајдери“, вели селекторот на БиХ, Горан Лојо пред вечерашниот натпревар против нашата најдобра селекција.

Влезот за мечот меѓу Македонија и Босна е слободен, истиот се игра во „Кале“.
ПретходноДобра најава: На 14 ноември дома само победуваме!
СледноРоналдо VS Србија, кој во Катар а кој во бараж, и на “Пољуд“ ќе “гори“!