Остануваа нешто помалку од два часа до почетокот на мечот меѓу Македонија и Исланд. Во нашиот табор се подготвено за голема битка, победничка битка која треба да ни донесе бараж за пласман на СП во Катар 2022 година.
Црвените дресови се во нашата соблекувална, чекаат да бидат облечени од капитенот Ристовски и останатите момци. Таа црвена боја нека им даде дополнителна сила да одиграат најдобро што можат и да победат, секако и да не израдуваат.
Со среќа момци…вие знаете како треба!