Како што и го најавивме во текот на денот. Селекторот Благоја Милевски и официјално го објави стартниот состав за нашиот А-тим за решавачкиот дуел со Исланд, меч кој започнува во 18:00 часот. Од оној стартен состав со Ерменија ќе има само една измена, а тоа е место Ашковски, во игра ќе биде капитенот Стефан Ристовски.
Па така почнуваме со Димитриевски на голот, С. Ристовски, Муслиу, Велковски и Алиоски во дефанзивата, со Барди, Костадинов, Елмас и Чурлинов во средниот ред и како најистурени ќе бидат Трајковски и М. Ристовски.