Остануваат уште само неколку минути до почетокот на историскиот меч за пласман во баражот за СП во Катар 2022 година. Веќе неколку денови во нашата државата владее вистинска треска која ќе еруптира точно во 18 часот кога и ќе започне мечот со Исланд. Сите билети веќе од вчера се распродадени, тоа парче хартија деновиве беше вистинско богатство. Секој сака да биде на Арената „Тодор Проески“ со цел да им даде поддршка на “рисовите“.
Македонија е на нозе, очекува беспоштедна битка на „рисовите“, очекува херојска битка на момците на селекторот Благоја Милевски.
Ајде – МОМЦИ МАКЕДОНЦИ…
Одиме по нова ПОБЕДА, ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА!
ПОБЕДА КОЈА ЌЕ НЕ ОДНЕСЕ ВО БАРАЖОТ ЗА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР 2022!