Готово е. Валентино Роси и официјално замина во пензија. По многу години во Мото ГП, освоени пехари, безброј победнички трки, Италијанецот денеска со 10.место на трката во Валенсија си кажа збогум.
Секако дека беше емотивно да се гледа последната трка на вечниот, на “Докторот“, но сепак мора еднаш да се каже – доста е.
Инаку победник на денешната мото трка во Валенсија, во “кралската класа“, беше Франческо Бањаја, кој беше прв пред Хорхе Мартин и Џек Милер.