Добра најава: На 14 ноември дома само победуваме!

252

Уште една добра најава во пресрет на вечерашниот меч со Исланд во рамките на 10.коло во квалификациската група – Ј. Имено на денешен ден, на 14 ноември кога играме на свој терен, барем така вели традицијата, Македонија само победува. Двапати играла и тоа против Канада во Струмица и со Словенија во Скопје. Во 2009 година Канаѓаните сме ги победиле со 3:0, додека Словенците во 2012 година сме ги добиле со 3:2.

Кога сме играле на гости на 14 ноември и не сме прославиле баш. Имено во 2001 година, на гости во Унгарија сме биле поразени со 5:0.

Сепак, вечерва играме дома, играме со Исланд, играме за бараж и победуваме…за да не нема дилеми.

ПретходноОва е стартниот состав: Милевски со супер офанзивна 4-3-3 формација, се враќа Стефан Ристовски…
СледноСо Бонер и Кметовска против Босна