Порази за Миркуловски и Кузмановски

142

Филип Миркуловски и Филип Кузмановски со пораз на гостински терен го затворија 11 коло во Бундес-лигата.

Миркуловски и Вецлар беа совладани од Лајпциг со 30-26 за петти пораз оваа сезона. Со четири победи и едно реми се наоѓаат на 13 место на табелата.

Кузмановски имаше многу потешка задача, му гостуваше на Кил, Хановер беше поразен со 31-24.

Македонскиот репрезентативец постигна еден гол од четири обиди.

Хановер и натаму е во лоша ситуација, има шест бода, само три победи и седум порази и се наоѓа над опасната зона.

ПретходноФудбалска треска – Македонија на нозе за бараж!
СледноНовак остана без тренер на АТП финалето, синот на Иванишевиќ има корона!