Ибра направи непотребен потег и нема да игра во баражот за СП

481

Фудбалската репрезентација на Шведска е поразена од Шпанија со 1:0 и преку баражот ќе мора да го бара пласманот на Мундијалот, а работата ќе им биде потешка затоа што ќе ја нема помошта на Златан Ибрахимовиќ кој против Шпанците доби жолт картон по беспотребен и нејасен потег.

Напаѓачот на Милан во судиското продолжение на времето со рамо и со намера го удри Аспиликуета, а судијата Феликс Брих му покажа жолт картон.

По прегледување на снимката ќе биде одлучено дали на Ибрахимовиќ ќе му биде дадена повисока казна. Ако остане само на овој жолт картон тогаш Ибра ќе биде казнет само за еден меч од баражот.

Покрај Шведска во баражот се уште Македонија, Русија, Португалија, Шкотска.

ПретходноСавиќевиќ со честитка за успехот: Покажавте како мала земја може рамноправно да се бори со великани
СледноКејн против Сан Марино може да урне два англиски рекорди