Интер го менува Перишиќ со ѕвезда на Аталанта

290

На хрватскиот крилен напаѓач Иван Перишиќ по завршувањето на сезоната му истекува договорот со Интер и истиот нема да биде продолжен. Миланската екипа сака да го замени со друг фудбалер, а на списокот го имаат германскиот репрезентативец Робин Госенс кој е член на Аталанта.

Госенс е роден во Германија, а кариерата ја градеше во холандските Витесе, Дордрехт и Хераклес, за во 2017 година да премине во Аталанта. Во тимот од Бергамо процвета и стана незаменлива алка во составот Џан Пјеро Гасперини.

Минатата година дебитираше и за Германија и досега одигра 13 натпревари.

Неговата цена според „Трансфермаркт“ изнесува 35 милиони евра, а ќе видиме на кој начин Интер ќе се обиде да го донесе во своите редови.

ПретходноРеал Мадрид и Барселона го посакуваат македонскиот ДИЈАМАНТ!!!
Следно Играј без нервози и Мерцедес вози им донесе тротинети на Бобан и на Сузана