Српските фудбалски репрезентативци кои вчера ја победија Португалија и обезбедија настап на СП во Катар, се решија на хуман гест откако ја добија премијата од 1 милион евра ветена од државата.
Денеска српската влада ги префрлила парите на сметката на Фудбалскиот сојуз на Србија, а во договор меѓу фудбалерите и членовите на српската репрезентација, решено е парите да бидат пренасочени за лекување на болни деца.
Уште еден потег достоен за пофалба.