Македонската фудбалска репрезентација синоќа испиша нова историја. По победата над Исланд од 3-1 нашите момци се најдоа на две победи до пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.
Овој голем чекор се слави на големо во нашата земја, оваа година дефинитивно е фудбалска, Македонија играше на Европско првенство, а сега за првпат може да се најде на еден Мундијал.
За успехот на нашите фудбалери на големо пишуваат и нашите соседи, на нивните страници може да се прочитаат прекрасни наслови посветени на „рисовите“ и магична ноќ во Скопје.
Ви издвојуваме дел од нив.