Холандскиот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и група играчи од тој клуб, побарале и оствариле средба со Ангер Венгер. Целта на тој состанок била за да му докажат на некогашниот тренер на Арсенал, а сега главен иницијатор на идејата на секои две години Мундијал, дека не е во право.
“Секој играч сака да игра, но натпреварите се натрупуваат. Ние не се жалиме, но мора да се донесат правилни одлуку, пред се треба да се мисли на здравјето на играчите. Остваривме средба со Венгер, ние му ги кажавме нашите ставови околу ова прашање, секако дека за ова треба да кажат свое мислење и други играчи од дрги клубови“ истакна Ван Дајк.