Венгер му „наместил“ клуб: Љунгберг станува тренер во Јапонија

201

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Фреди Љунгберг е многу блиску да ја добие првата вистинска тренерска работа. Швеѓанецот е главен фаворит за тренерската позиција во јапонскиот ФК Токио, информираат медиумите во Англија.

Љунгберг бил препорачан кај Јапонците од неговиот поранешен менаџер во Арсенал, Арсен Венгер. Французинот има силна позиција во азиската земја, бидејќи таму работеше во средината на деведесеттите пред да го преземе Арсенал.

Љунгберг беше тренер во школата на лондонскиот клуб, а во 2019 година дури привремено го презеде тимот по отказот на Унаи Емери.

ПретходноИ шампионките немоќни против полетниот Работнички
СледноМеси ќе игра против Бразил, но Нејмар го пропушта „мега-дербито“